Кејлор Навас пред нов ангажман, се договорил со новиот клуб

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас се наоѓа пред потпис со Коло Коло.

Костариканецот е слободен од лето кога му истече договорот со ПСЖ, а сега е пред преселба во еден од најголемите чилеански клубови.

Навас е во залезот на својата кариера и пред нешто повеќе од две недели наполни 38 години. Најголемиот клупски успех го оствари во Реал Мадрид со кого освои се што може да се освои.

Покрај Реал Мадрид и ПСЖ, бранеше уште за Албасете, Леванте и Нотингем Форест, а кариерата започна во Депортиво Саприси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани