71
Убав гест на
Кејлор Навас, репрезентативецот на Коста Рика титулата во Ла Лига ја посвети на
сите деца кои боледуваат од рак и нивните семејства.
По победата над Малага со која Реал Мадрид стигна до 33. наслов шампион на Шпанија,
голманот на „Кралевите“ го промени изгледот и ја избричи главата.
„Му се молам на
Бог за сите нив, да оздрават од тешката болест” – рече Кејлор Навас во подтрибинскиот простор на Ла
Росаледа.
„Ја избричив
главата за сите деца кои се борат против ракот. За нивните семејстава, за сите
оние кои се борат. Оваа титула е за нив!”