Кејлор Навас доби тужба, ангажирал работник на црно: Какви закони, работиш како што јас ќе кажам!

by bojan
1 минути читање
Навас

Медиумите од Франција пренесуваат за сериозни обвинувања кон голманот на ПСЖ, Кејлор Навас кој ангажирал работник на црно, и му плаќал околу 3.200 евра месечно за 90 работни часа неделно.

Кејлор Навас е под договор со ПСЖ до 30. јуни, а пред заминување доби тужба од човек кој работел за него во Париз околу 20 месеци.

Лицето обвинува за модерно ропство, односно не бил пријавен, работел на црно и тоа понекогаш и по 90 часа во неделата.

Плата добивал на рака, околу 3.200 евра а кога инсистирал да види документи, добил одговор од Кејлор Навас: „Какви закони, работиш како што јас ќе кажам“.

Ова е само еден дел од проблемите со кој се соочил човекот, другиот е поврзан со неговиот престој. Тој живеел во нехумани услови, односно неговата соба била лоцирана во подрумските простории, немало прозор, а по ѕидовите имало влага и мувла.

Покрај различните обврски во домот (чистење, градинарство), Кејлор Навас му дал и оружје на човекот ако затреба да го брани од крадци.

Кејлор Навас во ПСЖ има месечни примања од околу 600.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани