Легендарниот 37 годишен ветеран Тим Кејхил беше херој во
победата на Австралија над Сирија во баражот од квалификациите за СП Русија
2018, тој постигна два гола во триумфот од 2-1 со пресврт на својата селекција
која во првиот меч на гости одигра реми со резултат 1-1.
Сепак, Кејхил сега се соочува со критики од тамошната
јавност и тоа поради начинот на прославата на неговиот израмнувачки, а воедно и победнички гол во
продолжението.
Кејхил со рацете гестикулираше на буквата „Т“, придавајќи
и важност на туристичката агенција „TripADeal“ која воедно се пофали на тоа дека
легендарниот фудбалер ја рекламирал нивната компанија, а воедно не гледаат
ништо лошо во тоа. Истовремено, Австралијанецот гестикулираше и со рацете
како да лета (во првиот гол), мислејќи токму на претходно наведената компанија.
Сепак, на навивачите овој потег не им се допадна, па на
социјалните мрежи го искритикуваа сево ова кое потсетува на потегот на Данецот
Никлас Бендтнер кој на Европското во 2012. Година прослави гол покажувајќи го
спонзорот (обложувалница).
Бендтнер тогаш доби казна од УЕФА во висина од 80.000
фунти и еден натпревар суспензија, па останува отворено прашањето дали Кејлхи
ќе го снајде истата судбина како Данецот.