Првиот меч помеѓу Сирија и Австралија заврши 1-1, денеска се играше реваншот на кој Австралијанците беа домаќини.
Натпреварот почна фантастично за Сирија, по само шест минути игра преку Ал Сома дојдоа во водство од 1-0. Но само седум минути подоцна капитенот Тим Кејхил го изедначи резултатот на 1-1.
До крајот на регуларниот дел мрежите мируваа, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути.
Во 94. минута Сирија остана со играч помалку откако Ал Мавас заработи втор жолт картон, тоа успеа да го искористи Австралија.
Тим Кехил, кој е мајстор за игра со глава, на таков начин погоди во 109. минута и донесе победа на Австралија за пласман на Светското првенство во Русија.
Во последните минути од мечот, Сирија од слободен удар ја погоди стативата од голот на Австралија, но немаше среќа по втор пат да постигне погодок.
Пласман на Светското првенство ќе беше сензација со оглед на политичките случувања во Сирија, но не успеаа да го остварат сонот.