Кеита ќе игра на дербито против Сити?

by
1 минути читање

Ливерпул со пораз
се врати од гостувањето кај Наполи во второто коло од Лигата на шампионите, а
за момент се појави и загриженост на лицата во англискиот Премиерлигаш откако
уште во раната фаза од таа средба, Наби Кеита беше заменет.

Фудбалерот од
средниот ред во 19. минута мораше предвреме да го напушти теренот поради
повреда, а веднаш потоа бил однесен во болница за да се утврди причината за
неговата болка во грбот.

По тестирањата
кои се направиле во болницата близу арената Сан Паоло, тој веднаш се вратил во
хотелот каде престојувал Премиерлигашот, а првичните информации кои
пристигнуваат велат дека утрово веќе и тренирал со своите соиграчи, а воедно и
не чувствува толку големи болки.

Со тоа, од
Островот најавуваат дека Кеита дури и ќе може да биде во комбинација за тимот
на Клоп за неделната мега пресметка во Премиерлигата каде играат на домашен
терен против Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×