1,1K
Кеита Балде повторно ќе игра фудбал во Италија откако денеска беше претставен како нов фудбалер на Монца.
Монца до крајот на сезоната ја чека битка за опстанок во елитното друштво и во клубот се надеваат дека Балде ќе им помогне во таа цел.
Балде е фудбалер кој во минатото беше дел од: Лацио, Монако, Интер, Сампдорија, Каљари и Спартак Москва од каде што се враќа во Италија.
За репрезентацијата на Сенегал, Балде одигра 40 натпревари и постигна шест голови. Монца е пследна на табелата со 13 бодови и заостанува осоум бода од позицијата над опасната зона.