„Ќе ви откријам нешто што никогаш не сум го кажал…“ – Мурињо објасни зошто по триумфот во ЛШ не се врати во Милано

by
1 минути читање

Португалецот во
2010 испиша историја со „нероаѕурите“ и ги предводеше до тројна круна и триумф
во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Неговата авантура
во Интер практично заврши неколку часа по триумфот над Баерн Минхен во финалето
од Лигата на шампионите. Тој не се врати во Милано за да го прослави големиот
успех и остана во Мадрид да потпише со Реал.

Во разговор со
ДАЗН, Жозе Мурињо сега објасни зошто се решил на еден ваков чекор.

„Ќе ви откријам
нешто што никогаш не сум го кажал. Не се вратив во Милано по триумфот во Лигата
на шампионите, бидејќи ако се вратев во Милано, немаше шанси да отидам во Реал
Мадрид“
– вели Жозе Мурињо.

„Имав донесено
одлука, намв потпишано договор, но одлуката беше донесена. Одличив да одам во
Реал Мадрид. Претходно во два наврати не се преселив во Реал, и тоа беше моја
трета шанса. Да му се каже НЕ на Реал еднаш е тешко, два пати е многу тешко, а
три пати е невозможно. Затоа не се вратив во Милано“.

Мурињо исто така
открива дека тешко ги контролирал емоциите по триумфот над Баерн и не влегол во
соблекувалната за врема на прославата.

„Не се појавив
ниту во соблекувалната бидејќи го имав тоа чувство, таа сензација дека ќе загубам емоционална контрола. Па побегнав од сите тие емоции“.

Тој исто така
вели дека таа група на играчи се уште му се пријатели.

„Ми
недостасуваат. Времето не може да се врати, не можеме да се вратиме во минатото
и одново да го преживееме тоа, но пријателството останува засекогаш. Тие се мои
пријатели и јас сум нивен пријател“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×