„Ќе ти го убијам семејството“ – Ловрен открива дека добил смртни закани по бламажата против Тотенхем (ФОТО)

by
1 минути читање

Хрватот не ја
започна сезоната на потребното ниво, а лошата игра кулминираше на гостувањето
кај „Спарси“, кога Дејан Ловрен киксираше во два наврати и беше повлечен од
игра по половина час.

Дефанзивецот сега откри дека во приватна порака на социјалните мрежи добил
смртни закани.

„Ќе ти го убијам
семејството
– гласела пораката
на Инстаграм од лице кое се чини дека е фан на Ливерпул.

Ловрен, кој има
две мали деца со сопругата Анита, одговори: „Не ми пречи кога луѓето ме
навредуваат, тоа само повеќе говори за нив отколку за мене!
.

„Но не можам да
молчам кога некој се заканува на моето семејство. Не сакам и нема да го
прифатам тоа. Одвратно
”.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани