170
Синоќа беше потврдено дека Икарди нема да патува со остатокот од тимот на Интер на подготвителната турнеја.
Клубот извести дека заедничка била одлуката тој да остане во тренинг центарот во Милано и индивидуално да работи, но се чини дека не било така.
„Ла Република“ тврди дека на Икарди не му се допаднало тоа што бил изоставен.
„Ќе останам тука и во следните две години, ќе зимам плата и не се мрдам“, изјавил Икарди.
Интер се надева дека ќе го продаде Икарди дел од парите ќе ги вложи за Лукаку, но засега работите не се одвиваат според планот.