Ќе падне уште една и тоа голема тренерска глава во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем е на работ на разделба со Томас Франк по серијата лоши резултати, пренесуваат британските медиуми. Поразот од Астон Вила дополнително ја засили недовербата кон тренерот, кој го наследи Ангелос Постекоглу, но не успеа да го стабилизира тимот.

Под водство на Франк, Тотнем има само 11 победи во 31 натпревари, со осум ремија и 12 порази, а загрижува и играта која е далеку од убедлива во споредба со претходната сезона.

Засега не е јасно кој би можел да го наследи Франк, бидејќи менаџерите како Андони Ираола и Оливер Гласнер се врзани со Борнмут и Кристал Палас, додека враќањето на Маурисио Покетино е возможно дури на лето, по завршувањето на Светското првенство со репрезентацијата на САД.

Сепак, се чини дека деновите на Франк на клупата на Тотнем се избројани и клубот наскоро ќе донесе конечна одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×