Реал Мадрид не се откажува од намерата да ја купи младата ѕвезда на Монако,
Килијан Мбапе.
Шампионот на Шпанија и Европа веќе имаше два неуспешни обиди.
Монако го одби првиот предлог вреден 100 милиони евра, како и втората
понуда од 115 милиони евра.
Според Радио Монте Карло, „Кралевите“ се вратиле со трета понуда од која
боли глава.
Реал Мадрид е подготвен да плати фантастични 135 милиони евра за услугите
на 18 годишниот Французин.
Но веројатно „Кралевите“ ќе останат со празни раце, Радио Монте Карло
додава дека Мбапе сака да остане во Монако, каде има загарантирано место во
првиот тим.
Целта му е да игра со Франција на мундијалот во Русија, за ова му е потреба минутажа и затоа смета дека најдобро му е да остане на Луј Втори Стадионот.
Исто така, наскоро Монако на играчот ќе му понуди нов побогат договор.