Ќе извиси ли Њукасл за Шешко?

by riste
1 минути читање

Њукасл важеше за лидер во трката по Бенјамин Шешко, но работите можеби се менуваат откако Манчестер јунајтед испрати понуда.

Информациите беа дека Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата и ќе испрати понуда само доколку Шешко одлучи да се пресели кај нив.

Се чинеше дека Словенецот го одбрал Њукасл, но можеби работите се промениле.

Манчестер јунајтед е во директни разговори со Лајпциг и имаат формална понуда од 85 милиони евра.

Тоа може да значи дека Шешко сепак одлучил да се пресели на Олд Трафорд.

Њукасл бара одговори од Лајпциг и Шешко на понудите кои ги има испратено до двете страни.

Во наредните денови се очекува трансфер сагата конечно да заврши и да се знае кој е победник во трката по Шешко, Њукасл или Манчестер јунајтед.

Ако Њукасл не успее да го донесе Шешко, тоа може да значи и дека нема да се разделат со Исак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×