Новинарот Фабрицио Романо најавува жешко трансфер лето во Манчестер, Јунајтед и Сити имаат исти имиња на листата со желби – Сандро Тонали од Њукасл и Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
„Ѓаволите“ и „граѓаните“ летоска ќе прават реконструкција на средниот ред, им „фрлиле око“ на исти две засилувања, па ривалството од терените ќе го префрлат на трансфер пазарот.
„Според моите информации, Манчестер јунајтед во февруари и март разговарал со луѓе блиски до Сандро Тонали и опипале терен за трансфер, каква цена и услови ќе постави Њукасл“ – вели добро упатениот Фабрицио Романо.
„Арсенал исто така има стапено во контакт и има побарано информации, а и Манчестер Сити е фан на играта на Сандро Тонали, но во нивниот случај, Елиот Андерсон од Нотингем Форест останува топ трансфер цел“.
„Сити го има поставено Андерсон како прва желба, но и Тонали е на листата бидејќи Бернардо Силва заминува, па можно е да купат повеќе од еден фудбалер од средниот ред“.
„Како што стојат работите во моментов, Манчестер јунајтед не планира да плати луда сума за Тонали. Доколку бројката е разумна, тој ќе биде сериозна опција“.
„Постои конкретен интерес од Јунајтед и Сити за Тонали и Андерсон, но ова е само рана фаза“.
„Но во секој случај, двата ривали од Манчестер „фрлија око“ на исти две засилувања“.