Ќе има жешко лето на Бернабеу, дури 13 играчи би можеле да си заминат

by
2 минути читање

Герет Бејл

Реал Мадрид смета дека времето на Бејл на Сантијаго Бернабеу е пред самиот крај, а се верува дека и Зидан го дели тоа мислење. Проблем може да биде тоа што Велшанецот преку своите претставници вели дека сака да остане до крајот од договорот.

Ќе има понуди за него и Реал Мадрид верува дека дојде и таква која ќе ги задоволи сите страни.

Рафаел Варан

Клубот не сака тој да замине, но Рафаел Варан се поврзува со други клубови по информациите кои се појавија во медиумите дека играчот сака да ја смени средината.

Кејлор Навас

Ситуацијата на голманот е слична со таа на Варан. Клубот сака да го задржи, Навас ќе сака да знае каков ќе биде неговиот статус, ако треба да седи на клупата веројатно ќе побара да замине, а Реал нема да му застане на патот.

Лука Зидан

Зинедин Зидан го промовираше неговиот син Лука во првиот тим, но веројатно во иднина пак ќе ја има улогата на трет голман. Не се исклучува можноста тој и наредната година да остане во Реал Мадрид, но можно е и да замине ако пристигнат понуди за него.

Хесус Ваљехо

Во моментов е четврти избор за централната бековски позиција и е подготвен да си замине. Можно е да биде пратен на позајмица или да направи перманентен трансфер ако некој ја плати откупната клаузула.

Маркос Љоренте

Иако тој играше добро кога ќе добиеше шанса оваа сезона, Зидан не беше убеден во неговите квалитети минатата година, па неговата иднина ќе зависи од мислењето на тренерот формирано до крајот од сезоната.

Дени Себаљос

Себаљос е во слична ситуација како и Љоренте, тој ја нема посакуваната минутажа под водство на Зидан. Ќе треба да се докаже во последните два месеци од сезоната доколку сака да остане.

Иско

Ова беше тешка сезона за Иско и ако се случи да дојде некој од Пол Погба или Еден Азар, и наредната сезона би имал проблем да биде во стартниот тим.

Мариано

Клубот очекуваше повеќе од летното засилување и сега неговата иднина е во рацете на Зидан кој се верува дека ќе го сака напаѓачот, но останува да видиме.

Марсело

Клубот ќе зборува со Зидан по крајот на сезоната за иднината на Марсело и ќе види дали е тој во плановите на Французинот. Бразилецот се поврзува со Јувентус.

Карим Бензема

Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид оваа сезона, напаѓачот би требало да остане уште еден година, но евентуално купување на некој супернапаѓач би можело да влијае и на негово заминување.

Брахим Диаз

Јануарското засилување ќе оди на позајмица за сезоната 2019/20.

Фаде Валверде

Зидан го сака 20 годишниот играч, но Валверде сака да знае дали ќе има забележителна улога во составот. Уругваецот е гладен за минути и би можел да замине ако не може да ги добие во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×