Ќе има трето полувреме, Палермо достави жалба и бара да се поништи победата на Фросиноне

by
1 минути читање

Фросиноне е последниот патник во Серија А откако синоќа го доби реваншот со Палермо пред своите фанови со 2-0. Но очигледно ќе има и трето полувреме, „Сицилијанците“ најавија дека ќе достават жалба откако се случија серија инциденти.

По водството на домаќините од 1-0, судијата досуди слободен удар за Палермо откако Коронадо беше фаулиран на работ од шеснаесетникот. Главниот арбитар потоа ја преиначи одлуката и покажа на белата точка, по што го навлече бесот на домашните играчи. Откако имаше расправии и протести, тој одново се предомисли и ја врати првичната одлука.

Потоа во финишот на мечот се случија уште два инциденти, домаќините со сите средства го бранеа водството па на теренот често имаше повеќе од една топка кога Палермо беше во напад. Камерите уловија како резервистите на Фросиноне кои седеа покрај аут линијата фрлаат топки во терен за судијата да ја стопира играта.

Последниот инцидент се случи по голот на Чиано длабоко во судиското надополнување со кој Фросиноне поведе со 2-0. По погодокот следуваше инвазија од фанови на теренот, па судијата свирна крај иако имаше барем уште една минута за игра.

Останува да се види дали жалбата на Палермо ќе биде прифатена и каква евентуална казна ќе следи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×