Ќе има трето полувреме, Атлетико се огласи по трансферот на Гризман во Барса, најави тужба и бара 200 милиони

by
1 минути читање

Сагата околу
трансферот на Антоан Гризман заврши денеска откако адвокатот на напаѓачот пристигна во канцелариите на Ла Лига и ја активираше откупната
клаузула од 120 миилиони евра за едностран прекин на соработката со Атлетико.

Неколку часа
подоцна пристигна официјално соопштение од Барселона дека Французинот ставил
потпис на петгодишен договор.

Сепак, Атлетико
Мадрид не се помири со начинот на кој Антоан Гризман се пресели на Камп Ноу.
Клубот од „Ванда Метрополитано“ најави тужба и порача дека сумата од 120
милиони евра не е доволна.

„Колчонероси“
сметаат дека Барселона треба да плати 200 милиони евра, односно бројката која
стоеше во откупната клаузула на напаѓачот пред 1. јули. Атлетико верува дека
Антоан Гризман се договорил со Барса уште во март и изразил желба да замине во
мај, кога откулната клаузула била 200 милиони евра, па затоа „каталонците“
треба да ја платат оваа сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×