Со натпреварот вечерв од 21:00 часот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл официјално стартува 18. коло од Премиер лигата, претпоследно во 2025 година, но фокусот на фудбалската јавност ќе биде насочен кон утрешната пресметка на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Вулверхемпто, натпревар што ќе носи силна емотивна тежина.
Ова ќе биде првото соочување на двата клуба по трагичнат смрт на Диого Жота. Португалецот прво стана еден од најдобрите фудбалери на Вулверхемптон, а потоа беше и важна алка во успесите на Ливерпул. Во дресот на Вулвс забележа 44 гола и 19 асистенции, додека на „Енфилд“ постигна 65 погодоци и запиша 26 асистенции.
Неговата прерана и трагична смрт, која се случи пред речиси една година, длабоко ги потресе двата клуба, па затоа беше донесена одлука за заедничка и достоинствена почит. Посебен и трогателен момент ќе биде присуството на неговите синови, Диниш и Дуарте, кои ќе бидат дел од официјалната церемонија и ќе излезат на терен како маскоти.
Во таква атмосфера, речиси е сигурно дека емоциите ќе го преплават „Енфилд“, а солзите ќе бидат неизбежни кај навивачите.