Манчестер јунајтед викендов го победи Њукасл со 1-0 тоа барем на „хартија“ беше најтешкиот противник за „црвените ѓволи“ во овој период.
Во следното коло избраниците на Рубен Аморим ќе играат против Вулвс кој е последен на табелата со само два бода по 18 кола, потоа Лидс кој е 16-ти, па 19-тиот Барнли, додека на 11 јануари ги чека 12-тиот во Англија овој момент, Брајтон.
Јунајтед сезонава игра променливо и се наоѓа на шестата позиција, меѓутоа нема дилеми декаќ е биде фаворит во секој од овие дуели, па ова можеби за нив добар момент за една позитивна серија.
Исто така победа на овие четири дуели ќе значи и дека популарниот Илет ќе може да ја скрати косата бидејќи Јунајтед ќе има пет победи во низа.
