Се зголемува неизвесноста околу иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид, иако неговиот договор важи до 2027 година.
Во еден момент се појавија информации дека двете страни се блиску до продолжување на соработката, но подоцна се појави информација дека Бразилецот не планира да потпише додека не ги подобри односите со тренерот Чаби Алонсо.
Во меѓувреме, неколку европски гиганти внимателно ја следат ситуацијата и подготвени се да реагираат доколку се отвори простор за трансфер.
Според „CaughtOffside“, Манчестер Јунајтед стапил во контакт со претставниците на Винисиус за да се информира за неговите планови и можноста за ангажман. Во исто време се споменува и Манчестер сити како клуб кој сериозно размислува за обид да го доведе офанзивецот на Реал.