Ќе има битка на гигантите, еден од најбараните менаџери потврди дека заминува!

by Стефан
1 минути читање

Менaџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, потврди дека по истекот на сезоната ќе го напушти клубот и нема да го продолжи договорот.

Гласнер, кој во 2022 година ја освои Лигата на Европа со Ајнтрахт Франкфурт е еден од најбараните тренери во Премиер лигата и се спомнуваше како кандидат за клупите на Манчестер Јунајтед и Тотнем, но засега, според неговите зборови, нема договор со друг клуб.

„Одлуката беше донесена уште пред неколку месеци. Во октомври, за време на репрезентативната пауза, имав долг разговор со претседателот на клубот, Стив Периш и му кажав дека нема да потпишам нов договор“, изјави Гласнер на денешната прес-конференција пред натпреварот против Сандерленд в сабота.

Гласнер ја презеде екипата во 2024 година и успеа да ја извлече од опасната зона, завршувајќи ја сезоната на 10. место. Минатата сезона Палас заврши на 12. позиција, но оствари историски успех со победа над Манчестер Сити (1-0) на „Вембли“ и освојување на ФА Купот.

Неговата потврда дојде во истиот ден кога, според британските медиуми, Манчестер Сити го обезбеди потписот на Марк Гуехи, дефанзивецот кој е еден од клучните играчи на Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×