„Ќе го засилиме тимот, но ни треба вашата поддршка“ – Венгер испрати порака до фановите откако стави потпис на нов договор

by
1 минути читање

И покрај негодувањата на голем број фанови, Арсен Венгер стави потпис на нов две годишен договори и останува на Емирати до 2019.

„Арсенал и Арсен Венгер постигнаа согласност за нов две годишен договор“ – гласеше известувањето на „Топчиите“.

Оваа вест сигурно нема да бие примена со воодушевување кај голем дел од навивачите, па во интервјуто со ТВ каналот на Арсенал, Французинот веднаш испрати порака до фановите.

„Мојата порака до фановите е да застанат зад клубот и тимот. Заедно да им дадеме поддршка на играчите, и сите да го дадат максимумот за бидеме на нивото кое го посакуваме“ – вели Венгер.

„Можеме да се искачиме на скалило погоре, убеден сум во ова, но треба да имаме верба во начинот на кој сакаме да играме фудбал и да ги поддржуваме играчите кои веќе ги имаме“.

„Секако, ќе го засилиме тимот и ќе бидеме посилни следната сезона, но сакаме да останеме верни на начинот на кој играме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани