„Кралевите“ имаа низа
од 40 средби без пораз и тогаш изгледаа како сериозен кандидат за освојување на
тројната круна.
Но потоа
следуваше мал пад во формата, Реал најпрво загуби на гостувањето кај Севиља во првенството а потоа претрпе и пораз
против Селта во првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Шпанија.
Покрај малата
резултатска криза, Зинедин Зидан има главоболки и поради големиот број на
повреди.
Последни имиња во болницата на Сантијаго Бернабеу се Модриќ и Марсело, но се чини дека поголем пех е
отсуството на Бразилецот, со оглед на тоа дека статистиката покажува дека Реал
не знае да победи без левиот бек.
Оваа сезона,
Марсело пропушти пет натпревар, а Реал доби само еден натпревар и ремизираше на
останатите четири.
Минатата сезона,
Бразилецот не беше во комбинација на два натпревари, а „Кралевите“ ги загубија
и двете средби.
Слично беше и во
сезоната 2014/15, Марсело отсуствуваше на три натпревари, а Реал ги загуби
сите.
Бразилецот сега
ќе биде надвор од стројот еден месец, ќе го пропушти реваншот со Селта во Купот
на Шпанија, четири натпревари од Примера како и првиот натпревар со Наполи во осминафиналето од
Лигата на Шампионите.