Ќе ги стигне ли заморот, Хрватска има одиграно 100 минути и претрчано 117 километри повеќе од Франција

by
1 минути читање

Фудбалот денеска ќе добие нов светски шампион, Франција ќе атакува на втората титула по успехот пред 20 години, додека пак Хрватска ќе се обиде да испише нова историја и за прв пат да го подигне трофејот.

„Триколорите“ влегуваат како фаворит на овој меч, „Ватрените“ ќе бидат олабавени од психолошкиот товар но проблем може да им биде заморот.

На патот до завршницата, избраниците на Златко Далиќ играа продолженија во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето, па имаат одиграно 100 минути и претрчано 117 километри повеќе од противникот.

На своите шест меча, Франција одиграла 580 минути и претрчала 607,5 километри, додека пак Хрватска одиграла 679 минути и претрчала 723,9 километри.

Лука Модриќ е играчот со најмногу минути на мундијалот (643) како и со најмногу претрчани километри (63).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани