Ќе биде „жешко“ во Тотнем на лето, Покетино на тешки маки во летниот преоден рок, Леви ќе пушти срце

by
4 минути читање

Тотнем од
поодамна е клуб кој стана респектабилен, а тимот од Лондон по пласманот во
полуфиналето од Лигата на шампионите сигурно ги отвори картите за нешто повеќе
идната сезона, откако се здоби со статус на еден од европските елитни клубови.

Секако голема
улога одигра и новиот стадион, едно прекрасно фудбалско здание со кое Тотнем
може да се пофали, во Маурицио Покетино го имаат еден од најценетите тренери во
светот на фудбалот, а во Хари Кејн веројатно најдобрата „деветка“ во моментов.

Идната сезона
Тотнем ќе има можност да докаже дека не е само екипа која може да парира за
врвот на Премиерлигата, туку и конечно да стигне до него, а тимот од Лондон има
план како да ги оствари тие високи амбиции.

Тотнем не
ангажираше засилување од јануари минатата година, позната е политиката на
првиот човек на клубот Даниел Леви, за кого се најавува дека добро ќе го одврзе
ќесето за идната сезона за да донесе нов, голем чекор на клубот.

Бличер репорт
пренесува дека претстојниот летен преоден рок ќе биде најважниот досега во кој
ќе биде вклучен Покетино, а планот е да се обезбедат потписите на петмина
фудбалери.

Се верува дека
аргентинскиот фудбалски стратег посакува да внесе притисок врз неговите стартни
11 фудбалери, кои речиси и да немаат замени, а проблемот настанува кога
неговиот тим се соочува со повреди и суспензии.

ПОКЕТИНО ЈА СКРОИЛ
ЛИСТАТА, А ЌЕ ДОБИЕ ОД ЛЕВИ  СОЛИДЕН БУЏЕТ

Очекувањата се
Покетино да се засили со еден бек, централен дефанзивец, двајца во средниот ред
и еден напаѓач.

Тотнем вешто ја
крие листата на желби, а извори за Бличер репорт откриваат кои се имињата кои
се запишани во нотесот на Покетино.

Макси Родригез,
22 годишниот фудбалер на Селта Виго, постојано е следен и за него често се
праќаат скаути, кои веќе испратиле позитивни сигнали од неговите изданија,
токму тој се очекува да биде одлична алтернатива за Хари Кејн во нападот.

Карлос Солер од
Валенсија, како и Дони ван де Бек од Ајакс се опции за средниот ред, исто и Џек
Грелиш, но, секако ќе се почека за да се види каков ќе биде исходот од битката
на Астон Вила во плејофот од Чемпионшиплигата за влез во Премиерлигата, за
сериозно да тргнат по тој фудбалер.

Рајан Сесењон од
Фулам е долго посакувана желба на Тотнем, а веројатно повторно ќе следи нови
обиди за да се стигне до неговиот потпис, се верува дека 30 милиони фунти би
биле доволни за да се убеди Фулам.

Според извори
блиски до клубот, очекувањата се Даниел Леви да му даде „ветер во грб“ на
Покетино за летниот преоден рок и да го поддржи со буџет за трансфери од околу
150 милиони фунти.

ПОКЕТИНО ПОСАКУВА
ЛОЈАЛНОСТ, ЛЕВИ БРЗ ИМПАКТ НАМЕСТО ПОТЕНЦИЈАЛ

Се верува дека
Леви посакува фудбалери кои веднаш ќе имаат импакт во првиот состав, наспроти
фудбалери кои имаат потенцијал за адаптација во составот на Покетино.

Како резултат на
таквата политика, веројатно тоа е главната причина што Вилфред Заха од Кристал
Палас е веќе минато, тие долго го мониторираа и следеа, речиси две години, меѓутоа
не се ни приближија со бараните 80 милиони фунти од Кристал Палас.

Покетино е доста
посветен на клубот, неговата лојалност е голема и покрај големиот интерес за
неговите услуги, таков беше и случајот со Реал Мадрид, меѓутоа, Аргентинецот
тоа го посакува и од фудбалерите, посебно од Ериксен кој е главната грижа за
тоа што ќе се случи на лето.

Данецот е
несомнено моторот на тимот од Лондон, но, за него се шпекулира дека би можел да
се пресели во Реал Мадрид, неговиот договор со Премиерлигашот истекува идната
година, Покетино декларираше дека тој и клубот се отворени за дискусија за нов
договор, а Аргентинецот наводно ќе се обиде да го убеди фудбалерот дека големи
имиња ќе пристигнат на лето за многу повисоки амбиции на клубот идната сезона.

Сите најави за
нови фудбалери се позитивно оценети од навивачите на тој клуб, меѓутоа, постои
и една друга страна, освен Ериксен, Покетино ќе треба да води битка и за
останати фудбалери да им се реши статусот.

Таков е секако
случајот со Тоби Алдервирелд, дефанзивецот кој речиси сигурно ќе си замине, тој
има откупна клаузула од 25 милиони фунти а на лето ќе влезе во завршните 12
месеци од договорот со Тотнем, се верува дека Манчестер јунајтед е главен
фаворит за потписот на Белгиецот.

Покрај тоа,
проблем е секако и решавањето на статусот со Кјеран Трипие, се верува дека
Спарси би биле отворени за дискусија со Манчестер јунајтед, Наполи и Атлетико
Мадрид за сума од околу 40 милиони евра за десниот бек кој прерасна во одличен
фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×