Барселона (70)
има цели осум бода предност над Атлетико Мадрид на врвот на табелата во
Примера, на само осум кола до крајот на тоа првенство обете екипи вечерва ќе
имаат директна пресметка по која многу дилеми веројатно ќе се решат.
Кај домаќините
вон комбинација за настап ќе бидат повредените Вермален, Рафиња и Дембеле, а
поради суспензија ќе отсуствува Видал.
На спротивната
страна има тројца повредени фудбалери на кои Симеоне вечерва нема да може да
смета, меѓу кои се Лемар, Гарсес и Ернандез.
Спорт има свои
очекувања за вечерашната дерби пресметка на Камп Ноу, според истиот медиум
Ббарселона ќе настапи во формација 4-1-2-3, а ударната тројка кај Каталонците ќе
ја сочинуваат Меси, Суарез и Кутињо.
На спротивната
страна пак Атлетико би можел да настапи во формација 4-4-2, со Мората и Коста
како ударно дуо во нападот на Јорганџиите.
Барселона:
Тер Штеген, Пике, Ленгле, Роберто,
Алба, Бускетс, Ракитиќ, Артур, Меси, Кутињо и Суарез.
Атлетико Мадрид:
Облак, Хименез, Годин, Хуанфран,
Филипе Луис, Коке, Родри, Гризман, Саул,
Мората и Коста.
