УЕФА утре ќе има
состанок на кои ќе се дискутира за продолжението на фудбалската сезона, која во
моментов е суспендирана поради коронавирусот. Едно од клучните прашања е
иднината на ЕВРО 2020, кое треба да се игра од 12. јуни до 12. јули ширум
Европа.
Федерациите
инсистираат континенталниот собир да биде поместен со цел да се отвори простор
за првенствата да завршат летоска. Според пишувањата на Кориере дела Сера, ЕВРО
2020 сигурно ќе биде одложено, и само прашање е кој ќе биде новиот датум.
Весникот вели дека
преовладува идејата да се следи примерот на ФИФА, и Европското првенство да се
одигра оваа година од 23. ноември до 23. декември.
Пред два дена и
Телеграф пренесе дека една од опциите е ЕВРО 2020 наместо во лето да се игра во
зима. Останува да се види што утре ќе одлучат челниците на УЕФА во координација
со земјите членки на организацијата, асоцијацијата на клубови, асоцијацијата на
првенства и асоцијацијата на фудбалери.