Виљареал е во
опасната зона за испаѓање од најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија, Жолтата
подморница со 30 бода е токму на 18. позиција на табелата во Примера, со
идентичен број на бодови со 17-то пласираниот тим на Реал Ваљадолид.
Бетис обезбеди
значајна победа од 2-1 викендов над Виљареал на домашен терен и остана во
трката за излез во Европа идната сезона, но поразот за гостите беше доста
болен, особено ако се земе во предвид дека во 89. минута имаа преубава можност
да израмнат.
Ветеранот Санти
Казорла имаше можност од пенал да донесе израмнување а веројатно и да обезбеди
бод за својот тим од големо значење, меѓутоа тој не беше умешен во обидот од
белата точка, а по мечот беше затекнат со солзи, а тоа доволно говори какво
значење имаше за Виљареал тој пенал…
class="twitter-tweet" data-lang="en">