Хенри јавно за медиумите изјави дека Вест Хем веќе не сака африкански фудбалери поради нивното лошо однесување кога не играат.
„Да, вистина е дека одбив да ангажираме неколку африкански фудбалери. Имаме веќе тројца и сфативме дека повеќе не сакаме да купуваме африкански играчи. Нема потреба од тоа. Нема ништо расистичко во ова, едноставно фудбалерите од Африка знаат да имаат лош темперамент и лошо да се однесуваат. Имавме такво искуство со Диафра Сако, кога не се дел од првиот тим, тие прават хаос во соблекувалната. Немам ништо против африканската раса, но тие знаат да создаваат доста проблеми кога не играат, доста ни е од нив“, изјави Хенри.
Ваквата негова изјава бурно одекна во медиумите и беше протолкувана како расистичка. Клубот веднаш рагираше и го суспендираше.
„Фамилијата Вест Хем е како едно каде без разлика на пол, возраст, способност, раса, религија или сексуална ориентација, сите се чувствуваат добредојдено и вклучено. Клубот нема да дава дополнителни коментари додека истрагата е во тек“, стои во соопштението на Вест Хем.