Кавани во трка со времето, ќе игра ли против Франција?

by
1 минути читање

Уругвај го
испрати Кристиано Роналдо и неговите соиграчи од Поргтугалија дома уште во
осминафиналето од Светското првенство, а јужноамериканскиот состав веќе во
петок игра мега пресметка со Франција во четвртфиналето.

Сепак, напаѓачот
Единсон Кавани е неизвесен за настап против Триколорите, тој на мечот против
Португалија се здоби со повреда по што предвреме го напушти мечот, а лекарскиот
тим наведе дека не дошло до скршеница, имало само оток на левата нога.

Од уругвајската
репрезентација наведоа дека Кавани ќе тренира одвоено од останатите во екипата,
ќе има и редовна терапија, а останува дилемата околу тоа дали ќе се
рехабилитира од повредата до петок.

Доколку не биде
во можност за настап, тогаш селекторот Табарез извесно е дека во нападот ќе
игра со Стуани, или евентуално ќе прави ротации во системот.

Кавани досега постигна три гола на Мундијалот, од кои два беа против Португалија во победата од 2-1 а беше прогласен и за играч на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани