Кавани тренира одвоено од екипата, Табарез не го открива почетниот состав за Франција (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Денес на
програмата се две мега пресметки во рамките на четвртфиналната рунда натпревари
од Светското првенство во Русија, прв е дуелот помеѓу Уругвај и Франција,
предвиден да се одигра со почеток од 16 часот, а во вечерниот термин од 20
часот се среќаваат Бразил и Белгија.

И натаму е
неизвесно дали Единсон Кавани ќе настапи денеска против Триколорите, тој се
здоби со повреда на мечот во осминафиналето против Португалија во кој постигна
два гола во победата од 2-1, од тоа што може да се види, напаѓачот на ПСЖ и
натаму тренира одвоено од екипата, а селекторот на Уругвај, Оскар Табарез одби
да открие дали Кавани ќе почне од првата минута, или дали воопшто ќе игра
денеска.

Од моментот на
здобивањето со повреда, тоа го направи многу тажен. Тој е многу важен играч за
нас и работи многу за да се рехабилитира. Мислам дека дадовме доволно
информации за неговата повреда, кажавме што се случи. Кажав доволно за Кавани,
за почетниот состав, истиот ќе го дознаете пред мечот
“ рече Табарез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани