Кавани се огласи со прва прогноза за повредата

by
1 минути читање

Уругвај се
пласираше во четвртфиналето откако вечерва со 2-1 славеше над Португалија.
Херој на селекцијата од Јужна Америка беше Единсон Кавани, кој постигна два
прекрасни гола.

Сепак, голгетерот
доживеа пех во завршницата од мечот, се повреди и се пресели
на клупата за резерви во 73. минута.

„Со господ
напред се надевам дека не е ништо страшно. Ќе видиме за што точно се работи, ќе
треба да се направат тестови. Почувствував болка во листот на ногата и не
можев да продолжам“
– вели Единсон Кавани.

За триумфот над
Португалија и пласманот помеѓу осумте најдобри, тој додава: „Ова е прекрасно, немам зборови да го опушам сето ова.
Среќен сум, многу сум среќен. Погледнете како се радуваат фановите. Можам само
да замислам што се случува во Уругвај. Мораме да продолжиме да сонуваме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани