Кавани излезе со изјава за конфликтот со Нејмар

by
1 минути читање

Недоразбирањата помеѓу Кавани и Нејмар се главна тема низ спортските медиуми во Европа. Бразилецот штотуку дојде во ПСЖ, а веќе сака да биде главен изведувач на пеналите, но тоа не му го дозволува Кавани кој официјално е прв избор.

Медиумите пишуваа дека малку фалело да дојде и до тепачка помеѓу двајцата во соблекувалната, но Тиаго Силва го спречил тоа.

Кавани вели дека нема вистина во написите на медиумите и расправиите на теренот се нормална работа.

„Овие работи се измилени, не знам зошто се креираат вакви стории. Вистината е дека ова се нормални работи кои се случуваат во фудбалот“ – изјави Кавани.

„Зборувајќи со мојот брат дознав од сториите дека луѓето велеле како Кавани на никој не му дава да шутира пенали и дека има проблем со Нејмар. Вистината е дека нема никаков проблем“.

„Тој штотуку дојде и како што реков ние му помагаме тој да се адаптира колку што е можно побрзо. Мислам дека тоа се гледа од неговата брза адаптација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×