Кавани и Нејмар имале „трето полувреме“ во соблекувалната, Силва спречил тепачка

by
1 минути читање

Несогласувањата
помеѓу Единсон Кавани и Нејмар за малку ќе прераснеле во физичка пресметка.

Бразилецот ова
лето замина од Барса и се пресели во ПСЖ за да биде неприкосновена ѕвезда, но
Уругваецот не се сложува со ова, барем кога се во прашање пеналите.

Единсон Кавани е тој кој ги изведува пеналите, и двајцата играчи веќе три пати
се скараа за тоа кој да шутира од белата точка.

Но работите станале прилично тензиничи по дуелот со Лион во неделата. Според
пишувањата на Лекип, Единсон Кавани во соблекувалната му кажал на Нејмар дека
не му се допаѓа неговото однесување, Бразилецот се налутил и почнала
расправија. Па морал да се замеша капитенот Тиаго Силва, кој спречил
тепачка.

Реномираниот весник
најави повеќе детали во печатеното издание, но очигледо Унаи Емери ќе има
големи проблеми со двете ѕвезди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×