Кавани е решението за проблемите во нападот на Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Атлетико  Мадрид успеа да постигне само седум погодоци
во досегашните осум меча во Примера, а досега Диего Симеоне се обиде да го
извлече максимумот од Жоао Феликс, Диего Коста и Алваро Мората, меѓутоа
Аргентинецот се чини дека има решение за сите проблеми, и тоа во напаѓачот на
ПСЖ, Единсон Кавани.

Искусниот
уругвајски напаѓач не е нешто непознато на шопинг листата во однос на желбите
кај Атлетико Мадрид, а тој неколку пати во минатото се поврзуваше со
потенцијален трансфер во тимот од шпанската престолнина.

Извесно е дека
Диего Коста би можел да си замине од Атлетико Мадрид, а Мората не игра на
посакуваното ниво, па заедно со својот партнер во нападот успеаа да постигнат
заедно само два погодоци досега, а дека нешто не функционира во нападот на „Јорганџиите“,
доволно говори тоа што дефанзивецот Томас досега постигна исто толку погодоци
досега.

Симеоне не беше
сигурен во својот напад уште во летниот преоден рок, па така Атлетико Мадрид
испрати понуда до Валенсија за нивниот напаѓач Родриго, меѓутоа не дојде до
договор помеѓу обата клуба.

Што се однесува
пак до Кавани, тој е опција и за Манчестер јунајтед, а познато е дека 32
годишниот напаѓач е во својата последна година од актуелниот договор со ПСЖ, па
би можел да почне преговори со заинтересираните екипи уште во јануари, а на
лето би можел да си замине од Париз без никакво обештетување.

Со оглед на тоа
што Уругваецот е најдобриот стрелец на сите времиња во ПСЖ, како и миленик на
навивачите на францускиот првак, не се исклучува можноста да ја продолжи
соработката со клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×