157
Тиквеш ја доби
битката со Силекс во обидот за влез во Првата македонска фудбалска лига,
денеска на арената „Тодор Проески“ извојува минимална победа од 1-0, а со тоа
се „чекираше“ во елитното друштво за идната сезона.
Кавадарци е на
нозе, фудбалерите на Тиквеш беа пречекани како херои откако се вратија во
градот каде владее еуфорична треска.