Ќатип Османи со Шкупи ја сруши Шкендија

by
1 минути читање

Ќатип Османи кој ја почна сезоната со Шкендија сега како тренер на Шкупи го победи својот поранешен тим. Слатка одмазда на искусниот стратег.

Шкупи беше подобар тим од Шкендија, пропушти неколку убави шанси, особено во првото полувреме, но во вториот дел дојде до трите бода.

Можеби текот на мечот ќе беше поинаков ако во 25. минута Бесарт Ибраими реализираше пенал, но промаши.

Резултатот беше отворен во 69. минута кога Јурина буквално од лежечка положба постигна гол за водство на Шкупи од 1-0.

Во 83. минута Чешмеџиев заработи втор жолт картон, Шкендија остана со фудбалер помалку.

Само две минути подоцна одлична соло акција на Јурина и негов втор гол на мечот за победа на Шкупи од 2-0.

Фото: ФК Шкендија

Утре во дербито на врвот Вардар ја пречекува Академија Пандев и со победа ќе се одлепи на дури девет бода повеќе од Шкендија. Во другите мечеви Силекс игра против Работнички, Ренова со Борец, а Македонија ЃП гостува кај Струга ТЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×