Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Реал Мадрид директно и недвосмислено го известил Ливерпул дека нема никаква намера да го ангажираат Ибрахима Конате.
„Кралевите“ сакаат да ја засилат одбраната и подолго време се шпекулира дека меркаат тројца фудбалери кои можат да бидат ангажирани беспари – Марк Геи од Кристал Палас, Дајот Упамекано од Баерн Минхен и Ибрахима Конате од Ливерпул.
Исто така се говореше дека Ибрахима Конате е на врвот на листата со желби, но очигледно катастрофалните партии на „црвените“ го предомислија Реал Мадрид.
Како што објави Атлетик, клубот од „Бернабеу“ директно и недвосмислено го информирал Ливерпул дека нема никаква намера да го ангажира францускиот стопер. И покрај сите шпекулации, Реал Мадрид не сака да потпише со Французинот.
Па „кралевите“ сега ќе се фокусираат на другите две цели, се верува дека веќе имаат вербален договор со Дајот Упамекано.