61
Дефанзивецот на Ливерпул, Конор Бредли, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради тешка повреда на коленото.
Бредли се повреди на дербито одиграно во четвртокот, а дополнителните прегледи потврдија оштетување на лигаментите и дел од коската. Добра вест е што кај 22 годишниот фудбалер не е скинат предниот вкрстен лигамент, но и покрај тоа, сезоната за него е завршена.
При самата повреда се случи и инцидент, кога Габриел Мартинели се обиде да го оттурне Бредли надвор од теренот, не знаејќи дека дефанзивецот на Ливерпул се соочува со сериозна повреда.