Тотнем отпатува на денешното гостување со негатива од 1-0, но не само што не успеа да ја анулира туку доживеа тежок пораз.
Дека работите нема да бидат добри за Тотнем најави Сабитцер уште во десетата минута кога му донесе водство на Лајпциг од 1-0. Само 11 минути подоцна истиот фудбалер со глава зголеми на 2-0.
Тотнем јалово се обидуваше да се врати во игра, не создаде ниту една сериозна шанса за гол во текот на целиот меч.
Конечниот резултат го постави Форсберг во 87. минута, само неколку секунди откако влезе во игра.
Аталанта натпреварот во Италија го доби со 4-1, но толку голови даде и на Местаља и уште еднаш ја победи Валенсија.
Свое шоу имаше Јосип Иличиќ кој ги постигна сите четири гола за Аталанта. Во првото полувреме погоди два пати од пенал, уште два погодоци даде во вториот дел.
Головите за Валенсија беа дело на Гамеиро два и еднаш погоди Торес.