Ако мислевте дека сте виделе сè во фудбалот – почекајте да чуете за Јени Малатијаспор. Турскиот клуб успеа да направи нешто што не му пошло од нога ни на најлошите екипи низ историјата: 38 натпревари, 38 порази, и гол-разлика од -139. Да, не е грешка – минус сто триесет и девет.
Не зборуваме за селска лига со работници од фабрика кои играат сабота попладне за скара и пиво. Ова е професионална лига. И да биде трагедијата поголема – Малатија пред шест години играше квалификации за Лига Европа. Тогаш беа над Фенербахче на табелата. Денес – фудбалска верзија на трагикомедија.
Турска верзија на дерби на бетон
Од тие 38 натпревари, 11 завршија со 5+ гола во нивна мрежа. Во водство биле вкупно 60 минути цела сезона. Тоа е 1,75% играчко време – односно нешто повеќе од две посети во продавница. Успеаја да загубат и во Купот – и тоа од четвртолигаш, со класични 0:2.
Од Европа до хорор-шоуа за шест години
Да те потсетиме, ова е истата екипа што во 2018/19 заврши пета во Суперлигата и се тепаше со Партизан за Европа. Сега, се тепаат сами со себе и со психата по секој натпревар. Ако не примија 9-ка или 10-ка, тогаш им било добар ден.
