Законите во Катар кои ги ограничуваат фановите во многу нешта, импровизираниот капацитет за сместување и екстремно скапите цени, ги одвраќаат вистинските фудбалски фанови да присуствуваат на Светското првенство, па домаќинот се снаоѓа на начин на кој ја доби и организацијата на Мундијалот, со пари.
Информациите велат дека Катар ангажирал фанови од Пакистан да ги пополнат стадионите.
Понудата за секој фан е дневница од 10 долари плус три оброци и бесплатно сместување.
Исто така се зборува и за ангажман на фанови од Индија. На интернет се појавуваа видеа од пакистански и индиски фанови во дресови од репрезентации како што се Англија, Германија, Шпанија, Аргентина…
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.