Катар испиша историја, нема полош домаќин од нив!

by
1 минути читање

Катар
контроверзно ја доби организацијата на мундијалот во 2022, и покрај тоа што е
земја која нема никаква фудбалска традиција, ФИФА им ја додели довербата.

Дека немаат квалитет за да бидат дел од најголемиот фудбалски настан се покажа уште на стартот, Катар
стана првиот домаќин кој е поразен на отварањето откако загуби од Еквадор со
0-2.

Вечерва беше
испишана нова негатива историја, откако загубија од Сенегал со 1-3, а
Холандија и Еквадор одиграа 1-1, Катар стана првиот домаќин кој е елиминиран од
Светско првенство по само две кола.

Мундијалот кој тие го чекаа со години, сега за нив практично е завршен по само шест дена,
пресметката со Холандија во вторник ќе им биде само од ревијален карактер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани