121
Словенија синоќа со гол на Хари Кејн во 94. минута беше поразена од Англија со минимални 1-0. Во последното коло играат против Шкотска, а тоа ќе биде и последниот натпревар на Катанец како селектор на неговата земја.
По натпреварот тој преку ТВ изјава информираше дека нема повеќе да биде селектор на Словенија.
„Гледам светла иднина за оваа репрезентација, но без Сречко Катанец. Натпреварот против Шкотска во недела ќе биде мој последен на клупата на Словенија. Морам да кажам дека ова беше еден од начите најдобри мечеви на тактички план. Играчите заслужија полн стадион во недела против Шкотска“ – изјави Сречко Катанец.