Директорите на Барса, Роберт Фернандез и Алберт Солер денеска на средба со медиумите говореа за трансфер активностите на „Каталонците“ и објаснија зошто Филипе Кутињо не завршил на Камп Ноу.
Тие обвинија дека Ливерпул побарал претерана сума, вчера „Црвените“ им го понудиле Филипе Кутињо за 200 милиони евра, но тие се повлекле од една ваква зделка.
И додека лидерите на Барса не се импресионирани од однесувањато на Ливерпул, тие имаа пофалби за самиот играч.
„Нема да ги објаснувам до детал преговорите, ќе ви кажам само каква беше ситуацијата на крајот: Ливерпул рече дека ќе прифати 200 милиони евра. Логично, ние го одбивме ова“ – вели Солер.
„Сакаме да му се заблагодариме на играчот за напорот кој го направи, тој направи голем напор за да дојде тука. Покажа дека сака да игра за Барселона“.
„Но за жал трансферот не се реализираше“.
Алберт Солер говори за формалното барање за трансфер кое го достави Филипе Кутињо откако сопствениците на Ливерпул јавно порачаа дека играчот нема да биде продаден.