Каталонците реагираат: Иста ситуација, ист судија – различна одлука! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона вчера славеше победа над Леванте со 3-2 до која дојде со пресврт откако на полувремето губеше со 0-2.

Сепак, еден момент стана предмет на дискусија во каталонските медиуми кои споредија идентична ситуација од минатата сезона во корист на Реал Мадрид.

Тие потсетуваат на нивниот последен натпревар против Реал минатата сезона кога Чуамени играше со рака пред својот гол, но тогаш Барселона не доби пенал. Исто така се потенцира дека тој натпревар го водел истиот судија кој вчера покажа на белата точка за Леванте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×