Касиљас даде висока оценка за новиот „крал“ Милитао: Порто се коцкаше на него, а тој покажа карактер

by
1 минути читање

Едер Милитао од
лето е нов фудбалер на Реал Мадрид, Кралевите не се штедеа да го доведат
Бразилецот на Сантијаго Бернабеу и го одврзаа ќесето од клупската каса за цели
50 милиони евра.

Централниот бек
минатата седмица го официјализираше трансферот во европскиот првак, а цената
која Реал Мадрид ја плаќа за овој фудбалер воопшто не е дискутабилна, според
зборовите на екс голманот на тимот од Мадрид и соиграч на Милитао во моментов
во Порто, Икер Касиљас.

Тоа е фантастичен
потег на Реал Мадрид, тие обезбедија потпис на одличен фудбалер со голема
иднина пред себе
“ рече Касиљас давајќи високи оценки за засилувањето за Реал
Мадрид.

Јас сум убеден
дека тој ќе успее во Реал Мадрид, Порто се коцкаше на него кога беше многу
млад, а покажа голем карактер, има голема вредност во него, сака работите да ги
прави на вистински начин, можеби малку се плашам околу адаптацијата која би ја
имал таму, бидејќи во Шпанија е сосема поинаку…
“ подвлече легендарниот голман
на Реал Мадрид.

Порто го доведе
21 годишниот Милитао од редовите на Сао Паоло ланската година, а за услугите на
младиот Бразилец со голем потенцијал, издвои 7 милиони евра, инвестиција која
сега е вистинско богатство за португалската екипа која сезонава ќе биде дел од
четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×