Касемиро открива: Модриќ знаеше дека со Реал Мадрид ќе освоиме три ЛШ по ред!

by riste
1 минути читање

Касемиро открива интересна случка која се случила по освоената Лига на шампиони во 2016 година кога Реал Мадрид стигна до големиот трофеј победувајќи го Атлетико Мадрид.

За Реал Мадрид тоа беше 11. освоен трофеј во Лигата на шампионите.

„По финалето во Лигата на шампионите во Милано против Атлетико Мадрид, ние славевме во соблекувалната и Лука Модриќ дојде и ни рече: Другари, сега треба да освоиме уште две титули во Лигата на шампионите“, отркива Касемиро.

„Ние му рековме: Ајде Лука, не се шали, ние речиси освоивме две Лига на шампиони по ред после Лисабон“.

„Модриќ ни рече: Не не. Со овој одличен тим, ние треба, ние треба да го искористиме тоа и да креираме историја освојувајќи најмалку уште две во низа“.

„Потоа 12. титула ја освоивме во Кардиф во 2017, а во 2018 освоивме во Киев. Лука Модриќ знаеше“.

Со овој подвиг Реал Мадрид стана првиот тим кој трипати по ред станал Европски шампион. Во меѓувреме кралскиот клуб уште двапати ја освои ЛШ и има вкупно 15 титули од најголемото клупско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани