Касемиро му донесе победа на Бразил и го однесе во осминафиналето (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во најголемиот дел од мечот Швајцарија одлично се држеше против Бразил кој на моменти изгледаше безидејно, но на крајот дојдоа до трите планирани бода.

Првпат мрежата се затресе во 64. минута кога Винисиус Жуниор даде гол, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Регуларниот гол го даде Касемиро во 83. минута по една одлична акција на бразилците. Тоа беше погодок за 1-0 што беше и конечен резултат.

Бразил со овој триумф го завери пласманот во осминафиналето, а на овој резултат се израдува и Србија која со победа над Швајцарија во последното коло ќе може да стигне до второто место.

По две кола прв е Бразил со шест бода, втора е Швајцарија со три, а Србија и Камерун имаат по еден бод.

Во последното коло Србија игра против Швајцарија, а Бразил против Камерун.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани