184
Реал Мадрид се
врати во водство на финалето од Лигата на шампионите во Кардиф, по одличниот
погодок на Касемиро од далечина во 61. минута.
Ударот на
фудбалерот на Реал Мадрид беше вистински топ, неодбранлив дури ни за голман од
калибарот на Џанлуиџи Буфон.
Само три минути
подоцна Роналдо погоди за 3-1, Реал Мадрид е на прагот да ја одбрани титулата
во Европа и да стигне до дванаесеттата круна во ова натпреварување.
Тимот од Мадрид прв поведе на големото финале со голот на Роналдо, мечот го израмни Манџукиќ со извонреден гол.
Фото: УЕФА